Трка за првата комерцијална hyperloop линија

Откако главниот град на Словачка, Братислава, потпиша договор за испитување на изводливоста за изградба на hyperloop со компанијата Hyperloop Transportation Technologies (HTT) договор потпиша и градот Брно, на крајот од јануари. Целта е да ја испитаат можноста за поврзување на Брно кој е 120 километри оддалечен од Братислава, а потоа и со Прага. Станува збор за систем на превоз кој постигнува брзина од неверојатни 1223 километри на час, а според изјавите на извршниот директор на HTT- Dirk Ahlborn, следниот чекор ќе биде утврдување на рутата која би била најдобра за да се поврзат Братислава, Виена и Будимпешта, пишува Guardian.

Со воведување на оваа иновација, Европа ќе доживее обединување на едно сосема ново ниво. Замислете како на патувањето од Братислава до Виена нема да стигнете ниту да го прелистате весникот бидејќи патувањето ќе трае само осум минути.

Воведувањето на hyperloop во Европа. значајно би го скратило времето за патување и би ги поврзало градовите на еден сосема нов начин. Ваквиот систем за превоз би го променил начинот на патување и би ја поттикнала меѓуграничната соработка во Европа, изјави Vazil Hudak, словачкиот министер за економија за проектот, кој спрема проценките на CEO на Hyperloop Transportation Technologies (HTT), би изнесувал помеѓу 200 до 300 милиони долари за првата фаза а би можел да биде завршен веќе до 2020 година.

На сличен проект се работи и во САД, каде се разгледува како да се поврзат Лос Анџелес и Сан Франциско, но и на Блискиот исток каде физибилити студијата за релацијата Дубаи-Абу Даби ја изведува конкурентската компанија Hyperloop One (H1). Двете компании настојуваат да се поврзат со политичките лидери низ светот, како би собрале финансиски средства и би изградиле засебни системи за сообраќај со оваа најнова технологија која во 2013 година ја престави Elon Musk, основач на Tesla Motors и SpaceX. Изгледа дека најголемиот фокус е ставен на Обединетите Арапски Емирати и Источна Европа, каде како што пишува TechCrunch, во споредба со САД е многу полесно да дојдете до одобрување за таков нов и неиспитан систем.

За во иднина да ги решиме сите технички проблеми поврзани со левитацијата на капсулата, оддржување на минимум притисок во цевките, забрзување и успорување на капсулата во која се наоѓаат луѓе на сигурен начин, сега за нас е клучно да соработуваме со владите ширум светот. Неопходно е за Hyperloop да се воспостави директна соработка со регулаторите уште на ова ниво на развој. Ќе треба да се напишат нови законски рамки и нови прописи кога ќе почнеме со изградбата на системот во Словачка, Обединетите Арапски Емирати и останатите земји, рече Ahlborn.

Hyperloop One за тоа време гради тест тунел кој би требало за биде завршен до крајот на годината а извршниот директор на компанијата Rob Lloyd  за CNN изјави како планира да го произведе својот прв комерцијален “воз” до 2021 година, но има веројатност дури и до 2020 година да биде произведен. Изгледа дека овие две калифорниски компании меѓусебно се тркаат во неизвесната трка за влез во историјата како прва компанија која овозможила нов начин на патување.

Проектот за развој на овој нов систем на превоз прогресивно иде напред.  Mercury News ни донесува детален извештај за тоа како ќе изгледаат решенијата на младите иновативни тимови кои својот дизајн за капсулата за патници ја представија на крајот од јануари на првиот hyperloop натпревар каде и прототиповите се тестирани. За најдобра капсула е оценета капсулата од тимот на Холандија. Ново напреварување ќе има летово, а до тогаш екипата на Elon Musk ќе копа. Почнавме да копаме дупка во Crenshaw што се наоѓа пред SpaceX. Таму се наоѓа голема дупка и таму машините за копање тунели ќе започнат со работа изјави Musk и додаде дека засега немаат поим што работат. Но многу е тешко за верување дека визионер како што е Musk не знае што работи. Можеби баш тунелот кој сега го создаваат ќе стане почетна точна на една нова димензија на патување.

И така не толку далеку од нас, од Братислава до Виена ќе се стигнува за 8 минути, а ние и после 25 години во 21 век, немаме пруга кон Бугарија. Засега hyperloop во Македонија е во доменот на научната фантастика.

error: Content is protected !!