Подравка отвори фабрика во Танзанија што вреди 4 милиони евра!

Прехранбената индустрија Подравка објави дека отворила фабрика во Танзанија, а инвестицијата е вредна 4 милиони евра, известуваат од Подравка.

Тоа е првата фабрика на Подравка во Африка, согласно стратегијата за интернационализација на работењето, се наведува во соопштението.

Фабриката на Подравка  во Танзанија во градот Багамојо, дел на Танзанија кој има посебен фокус од страна на владата од Танзанија во врска со инвестицитте и развојот на индустријата, ја отворија министерот за индустрија, трговија и инвестиции на Танзанија, Charles Mwijage и членот на управата од Подравка, Оливија Јакупец.

Инвестицијата во новата фабрика на Подравка, изнесува 17 000 квадратни метри и вреди 4 милиони евра, а фабриката е изградена и опремена во рок од 1,5 година. Во фабриката ќе работат 20 вработени, а со отварањето на фабриката индиректно се направени уште 200 работни места истакнуваат од Подравка.

Истражувањето на пазарот во Африка, Подравка го започна во 2014 година , а како најпогодна држава за правење бизнис на тој континент се истакна Танзанија, поради својата позиција, инфраструктура и раст на економијата и членството во трговските организации.

Анализирајќи ги навиките на потрошувачите, прифаќањето на трендовите и традицијата на припрема на храната , како и законската регулатива, одбран е потенцијалниот асортиман кој ги има поминато сите тестирања и дегустрации во Танзанија односно процедурата за регистрација, истакнуваат од Подравка.

“Додека се градеше фабриката, почнавме да продаваме некои производи кои ги увезувавме од Хрватска. Исто така започнавме со различни маркетинг активности за да ги претставиме своите производи и нивната намена на потенцијалните клиенти” објаснува Оливија Јакупец.

Производите на Подравка се достапни во сите модерни трговски ланци и продавници во Танзанија, а Јакупец истакнува и дека голем број на производите од Подравка сега се достапни и во Кенија, Замбија и Уганда.

Во соопштението се пренесува и дека министерот за индустрија, трговија и инвестиции на Танзанија, Charles Mwijage се заблагодарил на претставниците од Подравка затоа што ја одбрале токму Танзанија како земја за својата инвестиција на афричкиот пазар. Тој нагласи дека фабрика како што е фабриката за Вегета може да биде пример и за сите останати инвеститори, бидејќи се остварени високи стандарди користејќи заедничко знаење како и локални изведувачи од градежништвото.

Согласно стратегијата за општествена одговорна компанија, Подравка односно Вегета во Танзанија донираше училишни столчиња, јавно улично осветлување како и 10 500 евра на жртвите од земјотресот од Kagera регионот, се наведува во соопшетението.

Групацијата Подравка има претставнишва во 24 држави во светот, а нивните производи се присутни на повеќе од 60 меѓународни пазари.

error: Content is protected !!