Rimac Automobili ќе произведува батерии за Aston Martin

Mate Rimac постигна уште еден голем успех, неговата компанија Rimac Automobili ќе испорачува батериски системи за Aston Martin. Поточно, за нивниот модел AM-RB 001! Не треба посебно да се нагласува зошто е тоа голема работа, што така угледна компанија се одлучила да ангажира една хрватска компанија, а тоа е посебно признание и доказ дека Rimac Automobili прави извонредна работа.

Срцето на секој Aston Martin е моторот, a тоа е особено случај и со новиот AM-RB 001. Затоа легендарниот Cosworth, во кои имаат многу доверба и кој ќе го оправда своето педигре со тоа што во  AM-RB 001 ќе вгради се што прави и во Formula One, а тоа се ефикасност, перформанси и дизајн. За да биде хибридниот дел во вистинска смисла хибриден, потребна е и батерија, а за тој систем ќе се погрижи хрватската Rimac Automobili, која веќе покажа иновативност во Concept One – коe се истакнува и во соопштениетo на службената страна на Aston Martin.

Освен Rimac Automobili и Cosworth на AM-RB 001 ќе работи и Multimatic, кој ќе биде задолжен за дизајнот на автомобилот, кој мора да биде лесен но и издржлив. Додека Alcon и Surface ќе се погрижат за системот за кочење, а Bosch за Engine Control Unit (ECU), Transmission Control Unit (TCU) и се разбира Electronic Stability Programme (ESP) системот. Сите до еден великани во својата област, а помеѓу нив и хрватскиот Rimac Automobili.

Но Aston Martin не е првиот голем клиент на Rimac Automobili, уште во 2015 година тие направија батериски систем и други компоненти за Koenigsegg Regera, модел на автомобил кој има 1500 коњски сили, а до 400 километри на саат стигнува за помалку од дваесет секунди.

Сигурно после ова партнерство со Aston Martin, ќе почнат да пристигнуваат нарачки од целиот свет, што додатно ќе помогне во ширењето и развојот на компанијата, и ќе ја постави Хрватска на картата на светот во развојот на автомобилската индустрија но ќе значи многу и за хрватската економија, без разлика што на некого може тоа да му изгледа претерано. Но колку компании можат да се пофалат дека имаат склучено партнерство со големина како што е Aston Martin? Многу малку…

Македонија беше една од потенцијалните земји кои беа разгледувани како локација за нивната нова фабрика за Aston Martin поточно Бунарџик но британскиот производител на луксузни автомобили ја најави изградбата на новата фабрика во Велс, во рамки на 200 милиони фунти вредната инвестиција која има за цел проширување на постоечката палета на производи и враќање кон профитабилното работење. Инаку во фабриката во Велс ќе се произведува Aston Martin DBX.

Инаку за потсетување на тие што не знааат еве како изгледа Concept One на Rimac Automobili со кој се прослави Mate Rimac

RCO__14

error: Content is protected !!