Село со 350 куќи, без водовод и канализација има дури 70 компании

Секоја петта куќа во селото Стројковци во Србија има приватна компанија. Во Стројковци доминираат компаниите за преработка на дрво, до кое лесно се доаѓа бидејќи во близина се наоѓа планината Кукавица. Таму се прават палети за транспорт на овошје и зеленчук, како и елементи за мебел, но има и поголеми компании со финални производи од дрво кои имаат и по стотина вработени.

Мештаните кажуваат како невработени во селото нема, порано биле дваесетина, но тиe заминале на работа во Чешка. Некој биле приморани да се посветат на семејниот бизнис, додека други тоа го направиле за да ги “надмудрат” соседите.

Интересен факт за спомнување е дека во селото нема водоводна ниту канализациска мрежа, а улиците освен главната улица, не се асфалтирани. Но затоа имаат продавници, две земјоделски продавници, две вулканизерски, фризерски салони….

“Ние сме феномени. Немаме вода, немаме канализација ниту асфалт, а компании има колку ти душа сака” објаснува Драган Вујич за своето село, и тој самиот има компанија која се занимава со производство на дрвена амбалажа. До пред неколку години скоро во секоја куќа нешто се произведуваше, легално или на црно, меѓутоа навалија инспекциите па многу ги затворија или легализираа компаниите, пишува Blic.

Ова не е приказна како хрватската приказна за Мате Римац, кои произведува електрични автомобили, а сега го снабдува и Астон Мартин со батерии или како словенечката приказна за словенците кои станаа милијардери со мобилната апликација Talking Tom and Friends, но дава надеж дека секаде каде што има и минимални услови може да се развива претприемништвото. Да многу е подобро кога имаш изградена инфраструктура да развиваш претприемништво, но претприемништво е и состојба на умот, нешто што во Македонија многу фали, жителите од Стројковци не чекаа од државата да им отвори работни места сами си отворија, прашање на време е кога ќе имаат повеќе пари и сами ќе си ја изградат инфраструктурата. Такви примери не се непознати.

error: Content is protected !!