На секое евро вложено во e-residency програмата Естонија заработила 43 евра

Естонската e-residency програма добива се повеќе внимание помеѓу претприемачите од целиот свет, a преку 17 000 луѓе моментално поседуваат електронски “престој”.

Естонија веќе со години важи за едно од најнапредните дигитални средини, а од декември 2014 година своите дигитални услуги ги нудат и на страниците преку програмата  e-residency.

Земањето на електронски престој е шанса за претприемачите да го заобиколат лошото деловно опкружување и неефикасната и гломазна бирократија во својата држава, а да не мораат да ја напуштаат државата. За водење бизнис во тој случај им е потребен само компјутер и интернет конекција.

Статистиката покажува дека интересот за програмата е се поголем, а бројот на е-резиденти неодамна ја надмина бројката од 17 000. Но она што е уште позначајно од самиот број на луѓе кои преземале електрoнски престој, е бројот на компании кои благодарение на овој програм своето работење го префрлиле во Естонија. Моментално се околу 2800 компании.

Директорот на e-residency програмата Kaspar Korjus, неодамна изјави дека за секое евро вложено во овој програм Естонија заработила 43 евра.

Најголем дел од процесот на преземање на електронски престој е од 2015 година и може да се заврши online, но за отварање сметка во банка и понатаму е неопходно да се отиде во Естонија.

Меѓутoа естонскиот парламент пред неколку дена изгласа закон по кој и оваа бирократска процедура се поедноставува и наскоро процесот на отварање сметка во банка ќе биде можно да се заврши online.

Естонските банки веќе некое време вршат пробно видео интервју за отварање сметка, за спремно да го дочекаат стапувањето на овој закон во сила.

Целта која естонските власти ја поставија непосредно после почнувањето на  e-residency програмата е до 2025 година бројот на е-резиденти да достигне 10 милиони. Иако делуваше на почетокот како нереална цифра, трендот за интересирање на програмата и новото законодавство, одат во прилог на амбициозните намери во кои Естонците се впуштија со почнувањето на програмата. Изјавата на Kaspar Korjus е дека овој програм го третираат како државен стартап  и тоа доста добро го илустира пристапот кој го негува тимот задолжен за e-residency.

И така додека Естонците смислија начин како да заработат од странците без да стапнат во нивната земја, Македонија има “поважни” работи за правење и дикусија како на пример платформата. На крај кој што сеел тоа ќе жнее.

error: Content is protected !!