120 милиони долари инвестирани во соковник за кој нема потреба

Стартапот Juicero продава соковник од 400 долари за свежо цедени сокови од ќесичка. Купувачите кои ќе го купат овој соковник стануваат претплатници на Juicero ќесичките кои се со неистискан сок.

И се ќе беше убаво ако не се појавеа новинарите од Bloomberg каде што открија една смешна работа. Стискањето на ќесичката со раце има ист ефект како стискањето на ќесата кога ќе ја ставите во машина. Само што не треба да платите 400 долари за соковник, за кој основачот на стартапот кажуваше како неговиот апарат за сокови има сила на притисок од над 3,5 тони. Инвеститорите вложија 118.5 милиони долари во компанијата. А фактот дека команијата успеала да собере волку голем износ на пари, кажува многу за состојбата во која се наоѓа Силиконската долина.

Во последните години забележано е огромно инвестирање на VC пари во Силиконската долина. Многу пари се вложија во компании со убави бизнис планови, со производ или услуга што уште не се испорачува.

Еден инвеститор за Bloomberg изјави дека Juicero гради “платформа” за нов модел за испорака на храна. Претплатничкиот бизнис модел на компанијата потсетува на другите стартапи како Blue Apron и Nature Box. Секако оваа команијата има елегантен апарат поврзан со wi-fi кој го исцедува сокот.

Технологијата од перспектива на потрошувач е непотребна. Но технолошката димензија беше главниот адут за собирање на средства за стартапот. Како што изјави еден од инвеститорите на стартапот за Bloomeberg ” Нивната VC компанија ниту би се сретнала со Doug (основачот на Juicero) ако ќесичките со сок немаа потреба од хардвер со висока цена”

Цената на апаратот беше 700 долари, пред да биде симната на 400 кон крајот на 2016 година. Едно пакување за цедење е помеѓу 5 и 8 долари, и има колку за една чаша од 200 мл.

Погледнете го видеото како изгледа тоа на дело.

error: Content is protected !!