Apple има 250 милијарди долари готовина а најголемиот дел го чува во странство

Apple немаше најдобра година позади себе, но затоа ќе надокнади во оваа година, која би требало да биде рекордна во секоја смисла – кога станува збор за паметните телефони. Но кога станува збор за пари на Apple не му недостасуваат.

Дури ги имаат повеќе од кога било во историјата, а моментално на “сметка” им стојат повеќе од 250 милијарди американски долари. Но од тоа само околу 18 милијарди долари се во Соединетите Американски Држави, додека останатиот износ е во другите делови од светот.

Но тоа е така, затоа што данокот од 35% во САД не е нешто што Apple сака да го плаќа ако не мора, особено затоа што ќе му “однесе” околу 85 милијарди долари. За нивна среќа американскиот претседател Donald Trump, вети дека ќе ги намали даноците односно таканаречениот корпоративен данок, на 10% (колку што е во Македонија) и тоа би можело да ги мотивира Apple сите пари да ги префрлат на американско тло. Инаку предлогот за таков закон веќе стигна и можеби оваа година компаниите како Apple ќе го добијат тоа што го сакаат.

“Оптимистичен сум, од тоа што го слушнав верувам дека оваа година ќе се направи даночната реформа. И после неа двете вклучени страни би профитирале, што е прекрасна работа за нашата држава но и за Apple” изјави извршниот директор (CEO) на Apple, Tim Cook во неговиот коментар за можната даночна реформа.

Додека тоа не се случи, Apple големата сума на пари ќе ја држи подалеку од својата матична држава. А аналитичарите внимателно ќе погодуваат и пребројуваат. Се додека на крајот на оваа година Apple не ги објави точните податоци, не може со сигурност да се утврди колку точно имаат готовина.

Последните официјални податоци покажаа дека на крајот од 2016 година, Apple имал 246,1 милијарда долари готовина, од нив само 15,9 милијарди долари биле во САД. Ако даночната реформа на Trump успее, дури 15 пати поголема сума на пари ќе се “прелее” на американското тло, и повеќе од сигурно дека реформата би ја означиле како успешна. И повеќе од успешна.

error: Content is protected !!