Мотивациската приказна на Walt Disney

Мислите дека само на вас ви е тешко и напорно? Демотивирани сте со некој неуспех и размислувате да се откажете? Прочитајте низ што се поминал Walt Disney па дури тогаш донесете краен заклучок.

Како млад човек Walt Disney, е отпуштен од весникот “Kansas City Star” бидејќи неговиот шеф мислел дека на Walt Disney му недостасува креативност.

Секако тоа не го обесхрабрило и во 1921 година основа мала компанија која се занимава со анимација и користејќи го својот природен талент за продажба и носи на својата компанија 15 000 тогашни долари (околу 200 000 долари во денешно време).

Меѓутоа Disney склучил договор со некој дистрибутер од Њујорк , и кога дистрибутерот останал без работа, Disney морал да ја затвори својата компанија.

Едвај успевал да си ја плати киријата, дури и земал храна за кучиња за да преживее.

Банкротиран, но со непоразен ум, ги потрошил последните долари за пат кон Холивуд. На негова жалост неговите проблеми само што започнале.

Во 1926 година го креирал цртаниот лик по име Oswald the Lucky Rabbit (Среќниот зајак Освалд). Кога пробал со  “Universal Studios”- дистрибутер на цртани филмови- да разговара за подобра понуда, сфатил дека “Universal Studios” тајно го патентирал ликот на Disney.

lura__14

“Univerzal” тогаш ги вработува цртачите на Disney, и продолжува со дистрибуција на цртани филмови ( без да има никаква заработка и улога Walt Disney)

Како сето ова да не било доволно, па Disney имал огромни проблеми при публикувањето на своите, сега класични цртани филмови. Кажано му е дека Мики Маус не би успеал, затоа што глушецот “би ги преплашил  жените”. Дистрибутерите исто така му ги одбиле Трите прасиња, и му кажале дека му се потребни повеќе карактери. Пинокио беше прекинат за време на неговата изработка, и Disney мораше од почеток да го напише сценариото. Многу други филмови како Бамби и Фантазија беа потполно несфатени во тоа време, за подоцна да им станат омилени цртани на публиката.

Најголемиот пример за упорноста на Disney е кога одлучил книгата Мери Попинс на Памела Траверс да ја претвори во филм во 1944 година, по предлог на ќерка му. Меѓутоа Памела Траверс не сакала ниту да чуе за продажба на нејзината прказна во Холивуд. За да ја придобие на своја страна, Disney  ја посетувал нејзината куќа во Англија 16 години по ред. Резултатот е вонвременски класик!

mp__14

По игра на “судбината” или карма како што би рекле некои, компанијата на Disney, ја купи компанијата ABC во 1996 година. А интересно е тоа што ABC беше сопственик на “Kansas City Star” весникот, што значи дека весникот од кој одамна беше отпуштен стана дел од неговата бизнис империја. И тоа се благодарение на неговата креативност и упорност.

Така што главата горе и направете нешто по што ќе ве запаметат, сигурно не сте во толку лоша состојба како што бил Walt Disney, за  да ви биде тоа изговор.

error: Content is protected !!