6 професии каде луѓето ќе останат без работа поради роботизацијата

Автоматизацијата не е мит. Роботите во производството стигнаа одамна, на лентите за составување во фабриките и индустриските капацитети. Во интеракција со роботите, луѓето сфатија ако ништо друго дека машините се добри во специфични задачи.

Луѓето кои работат специфични активности ќе мора да ги диверзифицираат своите вештини. Ефикасноста создава вишоци, многу луѓе би можеле да добијат отказ, ако не се пролагодат на новите услови, а луѓето што работат во следниве 6 професии се најзагрозени за своите работни места пишува Inverse.

Работниците на подвижна лента

Каде што работела некогаш човечка рака, сега работи робот. Особено на произвдствените ленти во индустриите на Германија и Јапонија. Роботите се поефикасни и посигурни од луѓето. Способни да изведуваат задачи кои луѓето не можат. Работата на лента за составување е едноставно да се автоматизира бидејќи е предвидлива и репетитивна. Роботите се лоши во ситуации кога околностите во кои работат постојано се менуваат. Затоа работната сила која ги управува процесите не е загрозена но сите останати во оваа област се загрозени.

Возачите и камионџиите

Стигнаа автомобилите кои возат сами. Нема да помине многу време, кога ќе бидат достапни на комерцијалниот пазар. Некои предвидувања се дека 60% од вкупниот возен парк во САД до 2030 година ќе биде со автономни возила од различен тип. Исто како роботите во фабрика, таквите превозни средства се посигурни и поефикасни од човекот зад управувачот.

Тоа значи дека такси возачите, возачите на Uber и камионџиите ќе станат непотребни. Автономните камиони ќе можат да возат деноноќно без страв дека поради бројот на саати направени во возење возачот ќе се умори и ќе предизвика сообраќајна несреќа. Исто важи и за возачите на Uber или таксистите. Иако од автомобилските компании кои забрзано работат на сопствени автономни возила тврдат дека нема да има губење на работните места, тешко дека некој ќе поверува во тоа. Затоа што и кога е во прашање работата за одржување на автомобилите кои самостојно се движат по цел ден, многу е веројатно дека и механичарите наскоро ќе ги заменат роботи кои ќе ги поправаат автономните автомобили.

Осигурителни друштва

Начинот на кој функционираат осигурителните друштва, во случај на незгода, драстично ќе се променат бидејќи зад управувачот нема да седи човек, ниту сопственик на автомобилот ќе биде нужно да биде поединец, најверојатно ќе биде компанија или корпорација. Според постоечките закони секој сопственик на автомобил кој има намера да вози мора да има адекватно осигурување и од незгода. Плаќањето за осигурување нема да биде обврска, со оглед на тоа дека луѓето нема да управуваат со возилата во иднина. Тоа во една рака е и добра вест бидејќи статистиката покажува дека учесник во сообраќајот во текот на својот живот сигурно ќе има неколку сообраќајни незгоди. Од друга страна осигурителните друштва ќе имаат вишоци, па сите кои работат на осигурување на автомобили нека размислат за својата иднина.

Процените се дека автономните автомобили и автоматизацијата на проментот генерално ќе резултира со намалување на сообраќајните незгоди за дури 90%, а не е исклучена можноста до 2030 година сообраќаните несреќи и незгоди да станат феномен, а не статистички факт.

Индустријата за храна

McDonalds неодамна лансираше свој киоск во кој единствена интеракција помеѓу нарачателот и човекот е онаа кога вработениот испорачува ќесичка со храна. Се останато е автоматизирано. Иако на своите вработени компанијата за брза храна им соопшти дека нема потререба од загриженост дека автоматизираниот киос ќе им ја украде работата, но само е прашање на време кога главниот кувар ќе биде робот. Еден од роботите на првата генерација со вештачка интелигенција беше наменет за припрема на храна односно пица во лабараторијата за механика на еден американски факултет. Во тој случај изгледа дека во рестораните во иднина ќе работи само по некој вработен за одржување на роботи, хигиена и личност која би требала да води сметка гостите нешто да не украдат.

Преведувачи

Работите за преведување на книги, филмови, симултан превод на говор од разни конференции, до сега беше работа на високо образованите лингвисти. Поради комплексноста на јазикот, автоматизацијата за преведување до сега не отиде подалеку од пример преведување на некои веб страници. Таа работа и понатаму е препуштена на луѓето, но не за долго. Google translate неодамна изврши надоградба на таа бесплатна услуги и сега е повеќе прецизен. Колку е прецизен покажа во истражувањето на кои луѓето кои зборат неколку јазици едвај пронајдоа разлики во преводите на Googlе.

error: Content is protected !!