Пазарот на таблети го допре дното
Тажно е да се гледа во каква состојба се наоѓа пазарот на таблети, во 2010 година кога беше претстaвен iPad-от на Apple тогаш се чинеше дека ќе биде апсолутен хит. До тоа не дојде, во последните години се бележат само негативни рекорди, а тоа го потврдува и IDC во последниот извештај.
Моменталната ситуација е таква што во првиот квартал на оваа година се испорачани 36,2 милиони уреди, што е најслаб резултат уште од вториот квартал од 2012 година. Падот започна во четвртиот квартал во 2014 година, кога се испорачани 75 милиони таблети во однос на 78 милиони година порано.
Лидер во продажбата и во оваа тешка ситуација е сеуште Apple кој во првиот квартал испорача 8,9 милиони iPad- ови, и со тоа Apple држи 24,6 проценти од пазарот. Samsung испорача 6 милиони, а Huawei испорача 2,7 милиони таблети и со тоа го држи третото место на пазарот.
“Корисниците во паметните телефони препознаа уреди кои им ги задоволуваат сите нивни потреби. Доволна е нивната големина, брзина, сила и комплетната понуда што ја имаат. Затоа немаат потреба да купуваат таблети, или да ги менуваат често еднаш на 40 месеци” ја коментира IDC ситуацијата на пазарот на таблети.