Петте компании со најголема пазарна вредност се IT компании
Петте компании со најголема пазарна вредност- Apple (753 милијарди долари), Alphabet (601 милијарда долари), Microsoft(529 милијарди), Amazon (432 милијарди) и Facebook (420 милијарди) имаат заедничка приближна вредност од 3 трилиони долари. Сите пет компании кои активно ја брануваат технолошката сцена и јасно покажуваат дека работењето изградено на интелектуална сопственост и информатичка технологија водат во однос тие кои се темелат на “материјалното”. Ова го потврдува и фактот дека Вол Стрит очекува информатичката технологија да го обезбеди главниот економски раст во 2017 година.
Ако се направи споредба на листата на Fortune 500 највредни светски компании од 1955 и 2015 година, се гледа дека само 12% од нив останале на врвот и во 21 век. Помеѓу нив како успешни останаа General Motors, Exxon, General Electric… Популарниот сајт Wired тоа го анализира на следниот начин. ” Chrysler и General Motors и понатаму се големи компании, но имаа проблеми со стечаи и ликвидации. General Electric и IBM, успееа да се трансформираат многу пати, и денеска не би можеле да опстанат само благодарение на тоа кои биле и што продавале пред 50 години”. Имено, тие кои опстанаа, опстанаа благодарение на тоа што беа во состојба да се менуваат и денеска не се занимаваат со истите работи како пред неколку децении.
Денес е очигледно дека топ 5-те компаниите не се само компании кои доминираат на полето на технологијата, туку и на светските пазари. Со тоа што константно иновираат успеваат да предизвикаат промени и во другите индустрии. Примерот со транспортот е многу интересен – Uber се проценува на вредност од 70 милијарди долари, повеќе од компании како Honda, Ford и други. Се повеќе се пробива мислењето дека информатичката технологија ќе ги опфати сите аспекти на животот и работата.
Дали е тогаш рационално да се претпостави дека без разлика на тоа кои компании во иднина ќе бидат највредни и без обѕир на тоа која ќе биде нивната номинална категорија ( логистика, енергија, трговија) сосема извесно е дека ќе бидат засновани на информатичка технологија, и дека влегуваме во ера во која компаниите ја црпат својата вредност од нивната вештина да применат IT во своето работење? Можеби не веднаш но во иднината секако, а следната пресвртница која можеме да ја очекуваме е кога ќе се подразбира дека секој бизнис во голема мера ќе биде заоснован на IT, како што денес на пример е нормално секој бизнис да користи електрична енергија. Технологијата се приближи на луѓето без да остави можност за враќање по старо.