Tesla со рекордна квартална загуба, а цената на акциите расте!

Tesla во вториот квартал оствари двојно повеќе приходи отколку во истиот период лани, но во исто време оствари и најголем квартален губиток од своето постоење.

Според деловниот извештај, објавен во средата, Tesla во изминатиот квартал остварил приходи од 2,8 милијарди долари, додека пред една година тие изнесуваа 1,3 милијарди долари.

Но поради зголемените вложувања, загубата кај овој произведувач на електрични автомобили достигна 336 милиони долари, додека во истот период лани загубата изнесуваше 293 милиони долари.

И покрај зголемената загуба, цената на акциите на Tesla во изминатите неколку дена порасна за повеќе од 10%, благодарение на податоците за раст на продажбата и оптимистичките најави од компанијата.

Tesla во првите 6 месеци од оваа година продаде 47 000 возила од моделите S и X, што е околу 50% повеќе отколку во истиот период лани.

Раководството на компанијата порача дека во вториот дел од годинава очекува значаен раст на приходите, со стабилни трошоци, и секако зголемено производство, со оглед дека новиот автомобил на Tesla, Model 3 на дневно ниво има по 1800 резервации.

Вкупно за тој модел, најевтин досега, има добиено околу 455 000 нарачки!

“Се очекува силен раст на производството во следните шест месеци, порача неодамна извршниот директор на Tesla, Elon Musk.

Цената на овој модел изнесува околу 35 000 долари или двојно помалку од сегашниот Model S, и се смета за клучен за понатамошната судбина на Tesla.

Компанијата планира од 2018 година да произведува 500 000 автомобили годишно, а за остварување на таа цел треба да придонесе баш продажбата на новиот Model 3. Првото нејзино возило предвидено за масовна продажба.

error: Content is protected !!