Како Google и Facebook успеале да не платат данок на ЕУ од 5,4 милијарди евра

Дека најголемите технолошки компании во светот се махери да избегнат високи даноци сите подобро упатени го знаат. А тоа се потврдува уште еднаш. Овој пат ЕУ остана со куси ракави.

Reuters објави дека во документот изготвен од ЕУ парламентарците за потребите на министрите за финансии од ЕУ во Талин, се заклучува дека членките на Европската Унијата само од Google и Facebook изгубиле 5,4 милијарди евра данок на приход во периодот од 2013 до 2015 година

Големите технолошки корпорации за  да го намалат својот даночен товар во ЕУ прават, сите приходи да ги вртат преку ЕУ членките кои имаат ниски даночни стапки како Ирска и Луксембург.

Google надвор од ЕУ плаќа данок во износ од 9%, додека во рамките на ЕУ данокот паѓа на 0,82%. Кај Facebook има уште поголема разлика па нивната даночна стапка надвор од рамките на ЕУ изнесува 28 и 34 проценти, додека во ЕУ е на неверојатно ниско ниво од 0,03 проценти до само 0,1 процент.

Затоа што ЕУ го даночи профитот, а не приходот, на компанијата, Amazon речиси e комплетно исклучен од плаќање данок во Луксембург во периодот 2013 – 2015 година бидејќи во овие 3 години најголемата on-line продавница на светот нема пријавено никаков профит од работењето во рамките на ЕУ.

Сегашните правила на Европската Унијата налагаат on-line компаниите да плаќаат даноци само онаму каде што имаат свое физичко присуство и каде што се даночни обврзници, без разлика каде ги направиле овие профити.

error: Content is protected !!