Пад на индустриското производство во август

Индустриското производство во август 2017 година, во однос на август 2016 година, паднало за 5,3%. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28.1%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19.0%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3%, Капитални производи за 12.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0%.

Индустриското производство во периодот јануари-август 2017 година, во однос на периодот јануари – август 2016 година, е намалено за 0,1% значи за првите 8 месеци оваа година имаме помалку произведено од лани.

error: Content is protected !!