Само една македонска компанија во 100-те најголеми во Југоисточна Европа
SeeNews ја објави листата на најголемите компании од Југоисточна Европа, станува збор за годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година од земјите на Југоисточна Европа. Но исто така SeeNews прави рангирање и на 100 најголеми банки по вкупна актива како и на најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.
Вкупната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39% во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето.
Македонија во топ 100 компании од Југоисточна Европа има само еден претставник, станува збор за хемиската компанија Johnson Matthey која е на 17 место во 2016 година а во 2015 година била на 24 место значи се искачи за 7 позиции со раст на приходите од 11,95%. Вкупните приходи на Johnson Matthey во 2016 година биле 1,3 милијарди евра! На првата позиција во ова рангирање е Automobile-Dacia SA од автомобилската индустрија од Романија со приходи од 4,6 милијарди евра, на второ место е словенечката Petrol d.d. од нафтената индустрија со приходи од 3,2 милијарди евра, а на трето место е OMV Petrom Marketing SRL од Романија со приходи од 3,2 милијарди евра.
Во рангирањето на банките TOP 100 Banks во Југоисточна Европа тука Комерцијална Банка А.Д. е најголемата македонска банка, со рангирање на 45. место со вкупна актива од 1,6 милијарди евра, Стопанска Банка А.Д. – Скопје е на 52 место со вкупна актива од 1,4 милијарди евра, а НЛБ Банка А.Д. Скопје се наоѓа на 60 место со актива од 1,1 милијарди евра На прво место е романската Banca Comerciala Romana SA со актива од 14,1 милијарди евра, на второ место е Zagrebacka Banka d.d. од Хрватска со актива од 13,9 милијарди евра, на трето место е Banca Transilvania SA од Романија со актива од 11,4 милијарди евра.
Кај осигурителните компании односно рангитањето на TOP 100 Insurers од Југоисточна Европа македонската Триглав Осигурување А.Д. Скопје којаисто така е најголема македонска осигурителна компанија се најде на 71 место во ова рангирање. На прво место е словенечката Zavarovalnica Triglav d.d. на второ место е словенечката Zavarovalnica Sava d.d., а на трето место е хрватската Croatia Osiguranje d.d..
Сите што ги интересира повеќе за ова рангирање може да прочитаат на следниот линк .