Колку луѓе можат да се нахранат од парите со кои е купен овој спортски автомобил?

Пред некој ден еден човек гледајќи ја мојата Корвета рече: “Се прашувам колку луѓе би можеле да бидат нахранети за парите колку што чини овој спортски автомобил”.

Му одговорив дека не сум сигурен но знам дека тие пари нахранија многу семејства во градот Bowling Green, во Kentucky, каде што автомобилот е произведен, дека ги нахранил луѓето кои ги произвеле гумите, дека ги нахранил луѓето кои ги произвеле компонентите кои се вградени во тој автомоби, дека ги нахранил луѓето од рудникот за бакар за жиците, дека ги нахранил луѓето од градот Decatur од државата Illinois во компанијата Caterpillar  кои ги произвеле камионите за превоз на рудата за бакар.

Тие пари ги нахраниле луѓето кои го транспортирале тој автомобил од фабриката до дилерот и дека ги нахранил луѓето кои работат кај дилерот, како и нивните семеjства. Но …. морам да признам дека навистина не знам колку луѓе тие пари нахраниле.

Тоа е разликата помеѓу капитализам и менталитетот на социјална правда. Кога купувате нешто, вие ставате пари во џеповите на другите луѓе, и им давате достоинство за нивните способности.

Кога му давате на некому нешто за ништо, вие таа личност ја лишувате од нејзиното достоинство и сопствената вредност.

Капитализам е слободно давање пари во замена за нешто од вредност.

Социјализам е земање на вашите пари против ваша волја и “бутање” во ваште грло нешто што никогаш не сте го барале.

Јас одлучив дека не можам да бидам веќе политички коректен (А никогаш не сум ни бил).

Facebook статус на Tom Nicholson кој има преку 500 000 споделувања.  И скоро 1 000 000 лајкови. А сликата е од неговата Корвета.

error: Content is protected !!