Најново: Венко Глигоров со писмо побара од официјалните лица на PayPal да “дојде” во Македонија

Денес, Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување на PayPal за електронска трговија во Македонија испрати писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис PayPal. Писмото е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal ова лето годинава.

Целите на иницијативата се да се отворат нови можности и продажни канали на македонските претприемачи и професионалци, да се намали одливот на „мозоци“ од Македонија и да се ублажи даночната евазија заради отворање на сметки на PayPal во странство од страна на македонските граѓани и бизниси.

Во писмото се наведува и за придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија.

„Иако државната поддршка е значајна, светските компании ценат многу кога приватниот сектор има иницијатива за воведување на некој бренд или услуга“, изјави Венко Глигоров. „Им ги предочивме предизвиците со кои се соочува Македонија како и потенцијалот од воведување на услугата PayPal“.

Целосното писмо може да се прочита на линкот тука.

Во јавноста постои решеност дека ако PayPal не реагира во некој разумен рок, да се премине на контактирање други платежни провајдери кои се актуелни во светот. Приватната иницијатива наиде на поддршка од преку илјада претприемачи и професионалци, а Министерството за финансии се заложи да ја предводи државната меѓу ресорска група составена од ресорните министерства, Народната банка на РМ и банкарскиот сектор.

Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на адресата https://goo.gl/7wo2Ur.

error: Content is protected !!