Нотарите за пет години заработиле 40 милиони евра
На сметките на дел од нотарите кои работат во Македонија, во последните 5 години се слеале повеќе од 90 милиони евра приходи и добивки од над 40 милиони евра. Ова го покажуваат податоците од централниот регистар кој ТВ 24 ги доби согласно новата одлука на институцијата за новинарските истражувања.
Вкупни приходи и добивки на нотари за период од 2012 до 2016 година
Приходи: 90.371.433 милиони евра
Добивка: 41.370.786 милиони евра
извор: Централен регистар
Нотарката, Анета Петровска Алекосва, четири години е прва на листата на нотари со најголеми приходи, додека лани се наоѓа на трето место според висината на остварените приходи. Па така, за последните пет години нејззините приходи изнесуваат 2.800.000 евра, додека пак добивката изнесува 1.200.000 евра.
Според податоците од Централниот регистар на Република Македонија во последните пет години на листата на нотари со најголеми приходи најчесто се појавуваат истите имиња.
Во 2012 година, Нотар Анета Петровска Алексова имала приходи од половина милион евра и добивка од 345.000 евра. Нотарите Николовски, Пенџерковски, Брашнарска, Стојкоски, Палиќ, Пулејкова, Назми, Клисароски и Петреска имале приходи од 207.000 до 350.000 евра евра и добивки од 30.000 евра до 193 илјади евра.
Десет нотари со најголеми приходи во 2012 година
приходи/добивка
Анета Петровска Алексова 551.000 евра 345.000 евра
Златко Николовски 351.000 евра 193.000 евра
Елена Пенџерковски 339.000 евра 135.000 евра
Ана Брашнарска 309.000 евра 150.000 евра
Боривој Стојкоски 279.000 евра 30.000 евра
Нада Палиќ 277.000 евра 160.000 евра
Зорица Пулејкова 275.000 евра 173.000 евра
Зулфижар Назми 220.000 евра 134.000 евра
Сашо Клисароски 216.000 евра 173.000 евра
Анастасија Петреска 207.000 евра 133.000 евра
извор: Централен регистар
Во 2013 година Анета Петровска Алексова остварила приходи од 560.000 евра и добивка од 300.000 евра. На второ место е Нотарката Ана Брашнарска со приходи од 470.000 евра и добивка од 300.000 евра. Останатите нотари Николовски, Петреска, Стојкоски, Сејфулаи, Пенџеркоски, Палиќ, Хаџи-Зафиров, Стојаноска имале приходи од 400.000 до 240.000 евра и добивки од 240.000 до 50.000 евра.
Десет нотари со најголеми приходи во 2013 година
приходи/добивка
Анета Петровска Алексова 568.000 евра 301.000 евра
Ана Брашнарска 477.000 евра 304.000 евра
Златко Николовски 404.000 евра 247.000 евра
Анастасија Петреска 386.000 евра 282.000 евра
Боривој Стојкоски 386.000 евра 211.383 евра
Зулфиќар Сејфулаи 311.000 евра 191.000 евра
Елена Пенџерковски 310.000 евра 74.000 евра
Нада Палиќ 304.000 евра 177.000 евра
Зафир Хаџи-Зафиров 265.000 евра 51.000 евра
Елизабета Стојаноска 242.000 евра 67.000евра
извор: Централен регистар
Бројките се скоро исти и за следната 2014 година. Со најголеми приходи за таа година повторно е Нотарката Анета Петровска која остварила приходи од скоро 600.000 евра и добивка од 345.000 евра. Нотарите Петреска, Хаџи-Зафиров, Пулејкова, Катавеновски, Брашнарска, Пенџеркоски, Николовски, Клисароски оствариле приходи од 240.000 до 390 илјади евра, и добивки од 46. 000 до 250.000 евра.
Десет нотари со најголеми приходи во 2014 година
приходи/добивка
Анета Петровска Алексова591.000 евра 346.000 евра
Анастастија Петреска 394.000 евра 255.000 евра
Зафир Хаџи-Зафиров 339.000 евра 90.000 евра
Зорица Пулејкова 313.990 евра 164.219 евра
Ивана Катевеновски 281.489 евра 51.347
Ана Брашнарска 278.546 евра 147.952 евра
Елена Пенџерковски 266.000 евра 46.000 евра
Златко Николовски 264.000 евра 121.000 евра
Зулфиќар Назми 255.000 евра 160.000 евра
Сашо Клисароски 240.000 евра 157.000 евра
извор: Централен регистар
За 2015 година нотарката Анета Петровска Алексова остварила приходи од 650.000 евра и добивка од 348.000 евра. На второ место е нотарот Зафир Хаџи-Зафиров кој имал приходи од 530.000 евра и добивка од 211.00 евра. Нотарите Петреска, Катевеновски, Брашнарска, Стефкова, Пулејкова, Пенџерковски, Стојаноскла, Дончева, за 2015 година имале приходи кои се движеле од 460 до 270.000 евра и добивки од 270 до 40.000 евра.
Десет нотари со најголеми приходи во 2015 година
приходи/добивка
Анета Петровска Алексова 654.000 евра 348.000 евра
Зафир Хаџи-Зафиров 530.000 евра 211.000 евра
Анастасија Петреска 462.000 евра 272.000 евра
Ивана Катевеновски 458.000 евра 69.000 евра
Ана Брашнарска 396.000 евра 262.000 евра
Љубица Стефкова Начевска 362.050 евра 227.000 евра
Зорица Пулејкова 329.000 евра 101.000 евра
Елена Пенџерковски 298.000 евра 43.000 евра
Елизабета Стојаноска 289.000 евра 111.000 евра
Весна Дончева 274.000 евра 144.000 евра
извор: Централен регистар
Минатата година пак, на врвот на листата според најголеми приходи е Нотарот Зафир Хаџи – Зафиров. Тој имал приходи од 640 илјади евра и добивка од 340 илјади евра. Нотарите Брашнарска, Алексова, Петреска, Катевениовски, Дончева, Пулејкова, Стојаноска и Пенџеркоски имале приходи од 266 до 608 илјади евра и добивки од 56.000 до 365 илјади евра.
Десет нотари со најголеми приходи во 2016 година
приходи/добивка
Зафир Хаџи-Зафиров 641.000 евра 344.000
Ана Брашнарска 608.000 евра 365.000 евра
Анета Петровска Алексова 465.000 евра 213.000 евра
Анастасија Петреска 459.000 евра 269.000 евра
Ивана Катевеновски 441.105 евра 56.000 евра
Весна Дончева 352.000 евра 94.000 евра
Зорица Пулејкова 325.000 евра 173.000 евра
Џеват Бучи 325.000 евра добивка 173.000 евра
Елизабета Стојаноска 279.000 евра 82.000 евра
Елена Пенџерковски 266.000 евра 82.000 евра
извор: Централен регистар
Граѓаните постојано сежалат на високите трошоци што ги плаќаат за нотарските услуги и бараат исто како и за извршителите да се најде начин како тие да се намалат. Владата веќе ја разгледува опцијата како да се намалат трошоците за извршителите.
Извор: http://www.24vesti.mk/notarite-za-pet-godini-zarabotile-40-milioni-evra