Оваа професија ќе биде меѓу првите на удар од вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција се повеќе се развива и се поголема улога има во нашиот, како приватен така и деловен живот. Но една многу интересна вест пристигна, а е поврана со вештачката интелигенција која навлегува во новинарството а со понатамошниот развој би можело да стане “егзистенцијална закана”, за новинарите објави американскиот Future Today во најновата студија.

Институтот наведе дека постојат организации кои ја користат вештачката интелигенција за пишување статии на основа на податоците како што се на пример спортските резултати или финансиските вести.

Во студијата се наведува дека развојот на вештачката интелигенција ќе овозможи без директна интервенција од новинарот да бидат напишани статии на основа на одредени податоци.

Спрема наводите на институтот до 2023 година, половина од интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите ќе биде по пат на глас така што новинарот ќе “диктира” податоци кои покасно компјутерот ќе ги направи да бидат во форма на текст.

Во студијата се додава дека на тој начин новинарите ќе бидат исклучени од директниот процес на правење текстови, што со понатамошниот развој на технологијата би можело да доведе до “егзистенцијална закана” за иднината на новинарството, односно начинот на кој што функционира и егзистира оваа професија.

error: Content is protected !!