Дубаи ја лансира првата државна криптовалута emCash!

Сите врсти на услуги наскоро ќе можат да бидат плаќани со помош на emCash криптовалута со сопствен blockchain на чиј развој и имплементација работи локалната власт.

The Cointelegraph пренесува дека заменик директорот за извршни работи во економскиот департмант во Дубаи, по повод воведувањето на оваа нова криптовалута изјави: “Опкружувањето брзо се развива и неговата спремност за усвојување иновативни технологии го направија Дубаи совршено место за работење. Овој проект е одличен пример за амбицијата која се најде овде, во основа заедно градиме нов економски екосистем”.

За развој на emCash ќе биде задолжен Emcredit огранок на економскиот департмант во Дубаи и британскиот blockchain стартап Object Tech (со кој од порано е направена соработка за воведување на дигитални пасоши заосновани на blockchain за тие кои го посетуваат Дубаи). Во моментов е познато дека се очекува полесно процесирање на уплати и пониски трошоци на трансакциите кои треба да бидат обезбедени преку плаќање по пат на мобилен новчаник emPay.

Ова не е прв чекор на Дубаи што го прави во криптосветот. Во Дубаи се негува амбиција да станат хаб на финансиска технологија и до 2020 година, сите документи на владата да се постават на blockchain. Градот во пустина се приближува кон реализација на планот да стане прв blockchain град, освен новата валута за тоа збори и фактот дека таму е веќе овозможено купување на недвижности со помош на биткоин.

За потсетување неодамна Macedonian Business Hub имаше статија за Естонија ќе воведе своја криптовалута каде Естонија тргна кон овој проект со помош и поддршка од Vitalik Buterin кој е коосновач на криптовалутата ethereum.

error: Content is protected !!