Како да проверите дали е некој добар лидер со помош на меил?

Ако сакате да дознаете дали некој е добар лидер еве што треба да направите. Simon Sinek објаснува дека тоа лесно може да го утврдите -доволно е само да пратите е-меил.

Simon Sinek е маркетинг консултант, мотивациски говорник и автор на повеќе бестселери, вклучувајќи го и последниот Leaders Eat Last . Добрите лидери по Sinek , бараат да бидат изземени од меил преписката на својот тим. Со други зборови, добрите лидери веруваат на своите луѓе дека ќе се “изборат” со проблемите кои ќе им искочат.

Лошите лидери бараат да бидат во „cc“ во секоја преписка. Сакаат  да држат се под око. Не само што се во параноја, туку и немаат доверба во своите луѓе. Sinek објаснува дека лоши лидери се оние кои, освен што ги пратат  сите преписки, настојуваат во секоја конверзација да се вклучат, без обѕир колку неважна е. Нема поголема порака дека не верувате во своите луѓе од тоа да барате секогаш да бидете во „cc“ и да одговарате на секој можен меил.

Уштe една лоша страна на ваквото лидерство е што вработените чувствуваат потреба постојано да проверуваат меил, мислат дека мораат да бидат вклучени во секоја конверзација бидејќи ако тоа не го направат, шефот ќе мисли дека не се доволни активни и вклучени.

Тоа од друга страма им го одвлекува вниманието од работите кои се навистина важни.

Кој е советот од Simon Sinek? За почеток, два дена немојте да се занимавате со меиловите на својот тим. Кажете им – “Нема да бидам достапен/пна два дена. Ти си одговорен/на. Ако има нешто итно, и понатаму верувам дека ќе се изборите со тоа и без мене”.

Нема подобар начин да направите луѓето да чувствуваат дека им верувате од тоа да се изземете од меил препискитеБенефитите од оваа постапка ќе ги осетите многу брзо.

error: Content is protected !!