Добра вест Југохром се спаси нема да пропадне!

После повеќе годишна голгота изгледа случајот со Југохром ќе добие среќен крај.

“На 10 октомври (вторник) во Владата ќе се потпише договор со сопственикот и синдикатот на вработените за изградба на филтрите во Југохром на задоволство на сите, на задоволство на вработените, на задоволство на еколошките друштва, на задоволство на газдата” изјави премиерот Зоран Заев на митингот во Јегуновце на 5 октомври.

Тој најави дека по потпишувањето на договорот, ќе започне поставувањето на филтрите, сите работници ќе се вратат на работа, а целта е во март или април „Југохром“ да почне со целосен капацитет.

„Југохром“ во ноември минатата година целосно го запре производството, а околу 800 луѓе останаа без работа. Фабриката се затвори затоа што не ја почитуваше одлуката на Инспекторатот за животна средина за поставување филтри.

Да се надеваме дека ова не е само едно предизборно ветување, и дека најавите ќе се реализираат до крај. Од тоа ќе имаат корист и државата и работниците и сопствениците, но од друга страна ќе бидат задоволени и барањата на еколошките друштва со поставувањето на филтри во Југохром.

error: Content is protected !!