“Тепачка” во Белград за да купат iPhone од 1000 долари

Во саботата на Теразија, на една од главните улици во Белград, имаше несекојдневна гужва и се тоа поради отворањето на iStyle Apple Premium Reseller.

Преку 500 луѓе се собрале, пред продавницата и го чекале моментот црната завеса ставена пред излогот да се тргне за да купат iPhone или Apple компјутер, или таблет, кои наводно ќе ги купеле по намалена цена.

Србите се чудеа од каде толку луѓе се спремни да потрошат повеќе од две српски плати на телефон или нешто друго. Една бабичка за една српска телевизија, изјави дека така на времето чекале за леб од сабајле а сега младите во редица чекаат за да купат телефон.

Многу чудни појави во балканските држави кои константно се жалат на беспарица а имаат колони за да купат скапи производи.

error: Content is protected !!