Viber преговара со трговците од регионот за лансирање електронска трговија?

Viber водечката глобална апликација за разменување пораки, преговара со водечките трговци во Југоисточна Европа (SEE) во обид да го искористи потенцијалот на регионот во растечката е-трговија, изјави Atanas Raykov директорот за развој на работењето задолжен за (CIS) Средна и Источна Европа, за SeeNews.

“Веќе разговараме со нашите први партнери кои се водечки луѓе во одредени вертикали каде ја гледаме најголемата прилика за заедничка работа” изјави Raykov во интервјуто за SeeNews на маргините од регионалната конфереција која ја организираа United Partners и Здружението за меѓународни односи со јавност во Софија минатата недела.

“Гледаме многу интересни работи кои се случуваат со е-трговијата во регионот” додаде Raykov.

Е-трговијата во Jугоисточна Европа, без разлика што добива замав на крилата на растечката потрошувачка, останува испод просекот на ЕУ. Во Бугарија online трговијата е зголемена за 14% во 2016 година, побрзо од просечните стапки од 12% забележани во Европа во истата година, изјави заменик министерот за информатички и телекомуникациски технологии Dimitar Genovski на почетокот на оваа година.

Меѓутоа според податоците од Еуростат, бугарските компании кои генерирале online продажба во 2016 година претставувале само 9% од компаниите кои делуваат во земјата. Во Хрватска тој удел бил 19% во споредба со просекот во ЕУ од 20%.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!