Стапката на раст на БДП за третиот квартал во 2017 е нула

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третиот квартал од 2017 година е 0.2%.

Во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.8%;  Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.8% и  Дејности во врска со недвижен имот од 0.9%.

Но најголем пад има во градежништвото од 11,6% и преработувачката индустрија од 5,8% во третиот квартал.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.0%

error: Content is protected !!