Македонија доживеа голем пад на листата на Forbes за водење бизнис

Влошени се условите за водење бизнис во Македонија. Земјава забележа пад од 28 позиции на листата на американскиот магазин Forbes кој ја рангираше на 63-то место според деловните услови во кои работат компаниите.

Во 2016 година Forbes ја рангираше земјава на високото 35-то место. Forbes ги оценува 153-те светски економии според повеќе 15 критериуми кои влијаат врз развој на бизнисите почнувајќи од висината на даноците и економската слобода, преку степенот на бирократија и корупција, па се до остварување на правата на сопственост, иновациите, технологијата, трговската и монетарна слобода, како и заштита на инвеститорите.

Од земјите на Балканот најдобро рангирана според условите за водење бизнис е Словенија која се најде на 32-то место. Пред Македонија се и Романија и Грција на 43-то, односно 44-то место, како и Бугарија на 46-то и Хрватска на 51-то место. Зад земјава се пласираа Црна Гора на 68-то, и Србија едно место подолу на листата. Албанија е рангирана на 71-та, а Босна и Херцеговина на 97-мата позиција.

Најдобри услови за водење бизнис, според Forbes има во Британија која се најде на првото место и покрај последиците кои државата ќе ги почувствува поради излезот од Европската Унија. Следуваат Нов Зеланд и Холандија. Најлоши услови за инвеститорите, пак, има во државите кои се најдоа на дното на листата Чад, Гамбија и Хаити.

error: Content is protected !!