Реформата на Доналд Трамп е многу повеќе од намалување на корпорaтивниот данок

Даночната реформа на Трамп во САД, сигурно ќе биде најмногу коментирана фискална реформа во догледно време. Единствениот податок со кои јавно мафта левицата и нивните блиски медиуми, е кратењето на корпоративниот данок од 35% на 20%’ и тоа за корпорациите со добивка од над 500 000 долари годишно. Со тоа се создава слика дека кратењето на даноците е во корист на најбогатите.

Без разлика дали најбогатите ги сметате за “привилeгирани” (како левицата) или успешни како нас овде, таквиот заклучок нема врска со реалноста. Да бидеме искрени до крај, ниту целата даночна рефрома е блиска до онаа на Роналд Реган, ниту пак  верувам дека истата ќе повлече глобален бран од слични реформи налик на “неолиберализмот” од Реган- Тачеровата ера од 1980-тите . Барем јас не верувам во такво чудо.

Трамповата реформа е многу повеќе од намалување на корпорaтивниот данок од 35% на 20%. Тој вклучува и реформи во персоналниот данок кои американците го плаќаат на федерално ниво, како и поврат на даноците за поединците и семејствата по различни основи. Во принцип, американската фискална политика е многу комплицирана, освен федералните даноци кои ги собира федералната влада во Вашингтон, има и даноци кои ги собираат и сојузните држави, па во некои случаи (како Детроит) дури и локалните самоуправи.

Federal Income Tax (FIT)  кој го плаќа секој американец кон Вашингтон, има 6 прогресивни стапки во зависност од годишниот доход. Според американската даночна управа, IRS, досегашните стапки беа следниве: 39,6% е данокот на најбогатите, па понатаму следат 33%, 28%, 25%, 15% и 12% FIT плаќаат најсиромашните.

Новите стапки предложени деновиве се 37% за најбогатите, па понатаму следат 32%, 24%, 22%, 12% додека најсиромашните ќе плаќаат 10% FIT. Поместена е и границата за најниските доходи. Досега најнизок FIT плаќаа луѓето со примања до 19 900 долари годишно, а од 2018 година 10% FIT ќе плаќаат сите со примања до 23 200 долари.

Зголемен е и повратот на данок, поготово за семејства со вкупен годишен доход под 32 000 долари. Најмногу корист од оваа реформа, најмногу пари споредено со нивниот сегашен доход, ќе добијат луѓето кои плаќаат 22 и 24% FIT. Тоа е класа на луѓе кои годишно заработуваат меѓу 100 000 и 300 000 долари. Тие имаат најголемо намалување на FIT, како и најмногу основи за поврат на данок Статистички, тоа е класа која најмногу инвестира во стартапи и иновации, нивните компании се доста флексибилни, и веројатно и затоа се посебно таргетирани од администрацијата на Трамп.

Законот е изгласан во Сенатот во петокот, сите 200 демократи гласаа против. Додека кај републиканците ЗА гласаа 224 Сенатори. Против овој закон гласаа 12-те републикански сенатори од Калифорнија… што е доволно законот да стапи на сила од јануари 2018 година.

Лошите вести се дека кратењето на даноците нема да донесе и помала државна потрошувачка.Трамп веќе го зголеми буџетот за одбрана за повеќе од 60 милијарди долари, а се најавуваат и нови трошења за ѕидот со Мексико, изградба на инфраструктура и слично. Се на се, демократите пресметале дека со ваква фискална политика, долгот на САД ќе се зголеми на 2 трилиони долари во наредната деценија … што е точно но е за 4,5 пати помалку од нивниот Обама, кој за една деценија ја задолжи САД за 9 трилиони долари.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!