Трамп ги намали даноците а компаниите ги зголемуваат платите и бонусите

FedEx во петокот објави дека ќе направи зголемување на платите, бонусите и капиталните инвестиции во САД за повеќе од 3,2 милијарди долари, поради неодамна усвоениот закон за кратење на даноци и законот за работни места.

FedEx изјави дека ќе потроши повеќе од 200 милиони долари за зголемување на платите, околу две третини од тие пари ќе одат кај работниците платени по час, а остатокот од парите ќе одат за поттикикнување на вработените што имаат фиксна плата.

FedEx, исто така, посочи дека ќе даде 1,5 милијарди долари во пензискиот фонд на FedEx за да се осигура дека тој и понатаму ќе остане “еден од најдобро финансираните програми за пензионирање во земјата”.

Американската економија продолжува да напредува под водство на претседателот на САД, Доналд Трамп. Извештаите сугерираат дека над еден милион Американци ќе добијат бонуси односно зголемување на платите до 3.000 долари, благодарение на законот за намалување на даноците.

Преку 100 американски компании им дадоа на своите вработени бонуси од 2.000 долари, откако претседателот Трамп го потпиша законот за намалување на даноци и законот за работа.

Американската социјална помош за невработени сега е на рекордно ниско ниво за прв пат во последните 17 години,а довербата на американските потрошувачи достигна највисоко ниво од 2000 година до сега.

Додека САД прават даночни реформи на намалување на даноци во Македонија се најавува зголемување на истите.

error: Content is protected !!