Сорос откако ги критикуваше сега ги продава акциите на Facebook

Во Давос, Сорос жестоко удри по Facebook и Google, Трамп, Путин за што Macedonian Business Hub пишуваше. Уште тогаш Сорос веројатно се ослободил од многу од акциите во технолошките концерни.

Во последниот квартален извештај на неговиот фонд во кој се наведуваат инвестициите кон крајот на годината, целосно недостасуваат акциите на Alibaba, Amazon, Apple и Facebook. При тоа на 30 септември Сорос држеше преку фондот акции вредни 70 милиони долари на Facebook.

Се разбира, тој не може да изврши сериозно влијание врз цената, бидејќи уделот му е премногу мал, уште повеќе дека основачите во секторот на технологијата често се обезбедуваат и со посебни права на глас и на тој начин го задржуваат влијанието.

Сепак, Сорос внел нови акции на нова компанија во своето портфолио – Alphabet. Според извештајот, тој поседува акции во вредност од 4,8 милиони долари.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!