Каде работи скопјанецот што има годишна бруто-плата од 2,7 милиони евра

Еве што покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) собрани од годишните даночни пријави што ги поднесуваа граѓаните за 2016 година.

Жител на Скопје што е вработен во приватното здравство во 2016 година земал месечна бруто-плата од 225.000 евра, односно неговата годишна бруто-плата изнесувала 2,7 милиони евра, што е највисоката плата исплатена во Македонија.

А за 2016 година најголем годишен приход  пријавил жител на Скопје во висина од 4,1 милион евра, додека најголемата капитална добивка изнесувала 1,3 милиони евра.

И за некој пензионери животот е многу добар, така најбогатиот пензионер во 2016 година бил струмичанец, кој во УЈП пријавил годишен бруто-приход од пензијата и дополнителни примања во висина од околу 680.000 евра.

Највисоки бруто-приходи само од пензија, пак, пријавил жител на Скопје кој во текот на 2016 година имал 30.000 евра.

Најголема заработувачка од исплатена дивиденда имал скопјанец, кој по овој основ пријавил околу 1,8 милиони евра. Велешанец има пријавено најголема заработувачка од повремено вршење услуги, за што има приходи од 948.000 евра.

Податоците на УЈП покажуваат дека за 2016 година 439.000 граѓани поднеле годишна даночна пријава, при што заедно пријавиле вкупни бруто-приходи од околу 2,8 милијарди евра, а платиле персонален данок во висина од над 162,6 милиони евра.

Кога ќе добиеме прецизни податоците од УЈП за 2017 година ќе може да направиме компарација дали заработките се зголемуваат или стагнираат. Затоа што 2017 година беше една од најтешките години за македонската економија поради политичката криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!