Македонските банки ги срушија сите рекорди со нивните профити!

Домашните банки во текот на 2017 година работеа во услови на нестабилна политичка состојба во земјата и намалена економска активност, особено во првата половина од 2017 година, што постепено се стабилизира во втората половина од годината но тоа не беше пречка да ја завршат годината со големи профити.

Во 2017 година, банкарскиот систем оствари добивка од 6,6 милијарди денари или нешто повеќе од 100 милиони евра што е повеќе за 230 милиони денари, или за 3,6% во споредба со добивката остварена во 2016 година, покажуваат податоците на Народната банка.

„Годишниот раст на добивката бележи значително забавување во споредба со изминатиот петгодишен период (2011-2016 година), кога растеше за околу 40%, во просек, годишно.

„Во 2017 година, најголем придонес во зголемувањето на добивката имаа некаматните приходи, а далеку по нив следат нето каматните приходи, што е исто така спротивно на вообичаениот тренд ‒ нето каматните приходи најмногу да придонесуваат во растот на добивката“, соопшти НБРМ.

Позначителното забавување на растот на нето каматните приходи (нивниот раст во 2017 година е помал за повеќе од четири пати во споредба со зголемувањето во 2016 година) и зголемувањето на трошоците за исправка на вредноста во 2017 година (наспроти нивното намалување во 2016 година) најмногу придонесоа за значително забавениот раст на добивката во 2017 година.

Депозитите на населението претставуваа главен носител на годишниот раст на вкупните депозити во 2017 година (со учество од над 80% во годишниот раст), при малку посилен раст на денарските во споредба со девизните депозити.

На почетокот на 2017 година, Народната банка продолжи со нормализацијата на монетарната политика при што ја зголеми понудата на благајничките записи и во два наврата ја намали нивната каматна стапка за вкупно 0,5 процентни поени, со што основната каматна стапка ја врати на нивото од почетокот на 2016 година (3,25%).

error: Content is protected !!