ММФ ќе го скенира трошењето на народните пари од страна на јавните институции и функционери

Колку јавните институции го почитуваат правилото на јавноста при трошењето на парите на граѓаните- ова го проценуваат претставниците на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд кои беа во буџетскиот совет на македонскиот законодавен дом…

Преставници на Меѓународниот монетарен фонд детално ќе ја скенираат транспарентноста во трошењето на народните пари од страна на јавните институции и функционери. Со став дека граѓаните имаа право да знаат како и каде се трошат нивните пари, монетарците мисијата ја почнаа од Буџетскиот совет.

На народните избраници им сугерирале, финансиска едукација и навреме да се вклучат во процесот и планирањето и креирање на буџетската каса, пред да влезе предлогот во собраниска процедура да ги имаат податоците околу проекциите.

Од пратениците биле информирани дека со новата стратегија во следните две години имаат намера да ја зајакнат фискалната транспарентност.

На прашањето дали ќе се намалат патните трошоци на избраните и именувани лица, претседателката на Советот вели- во процедура се измените на Законот за плати и надоместоци, но треба да се донесат и одредени правилници, а ременот да го затегнат не само парламентарците, туки и владините фунцкционери.

error: Content is protected !!