Ворен Бафет: Биткоинот е отров за глувци

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет повторно отвори оган по биткоинот и другите криптовалути.

Бафет без никакво двоумење фамозната криптовалута ја нарече “отров за глувци” кој “не создава ништо” туку само дополнителни купувачи кои се вклучуваат во купувањето.

Споредувајќи ја побарувачката на биткоин со лудилото за лалиња во 17 век во Холандија (што според некој е почетокот на берзите како институции на кој се прослави Бафет), претседателот и извршниот директор на инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway рече дека мистиката кој ја направи оваа криптовалута е “виновникот” за растот на нејзината вредност пренесува Reuters.

“Биткоинот произвeдува скок на вредноста и така произведува нови купувачи… Ако нешто не разбирате, уште повеќе се возбудувате во врска со тоа” изјави Бафет за американската ТВ CNBC.

Криптовалутите, особено биткоинот, неодамна станаа особено популарни, делумно поради остриот скок на нивната вредност. Во 2017 година, биткоинот скокна од 1000 долари на преку 20 000 долари во еден момент.

Сепак, Бафет смета дека се работи за исклучително шпекулативна категорија на имот (актива), наведува Reuters.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

error: Content is protected !!