Живко Мукаетов купи поголем број на акции од „Алкалоид“
„Алкалоид“ АД Скопје преку Македонската берза информира Живко Мукаетов, Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на компанијата се стекнал со 1.777 обични акции издадени од „Алкалоид“ АД Скопје.
За една година вредноста на акциите на Алкалоид се зголеми за 2000 денари.
За месец мај интересно е купувањето на поголем број на акции од страна на богати Македонци најпрво Хари Костов на почетокот на мај купи поголем број на акции од Комерцијална банка (Погодете: Кој купи 1000 акции од Комерцијална банка?) а после една недела и Ванчо Чифлиганец купи акции исто од Комерцијалната банка (Чифлиганец купи голем удел во Комерцијална банка).
И сега при крај на месец мај и Живко Мукаетов купи поголем борј на акции, но од Алкалоид.