За само 24 часа се срушија позитивните економски показатели на владата

Економијата никако да тргне напред. Бруто домашниот производ во првите три месеци се зголемил за само минимални 0.1%, соопшти Државниот завод за статистика. Овие податоци ги објавува Државниот завод за статистика еден ден откако владата се пофали со позитивните економски показатели (Анѓушев: Сите економски показатели се позитивни освен нискоградбата).

Најголем пад е евидентиран во градежништвото и тоа од 37,2% што многу влијае на целата стапка на пораст на бруто домашниот производ (БДП).

Но нема пад само во градежништвото, пад има и во секторот комуникации и информации од 6,9%, намалување од 0,8% во финансискиот сектор и 0,2% во дејности во врска со недвижен имот. Во секторот Уметност, забава и рекреација има раст од 12,1% , преработувачката индустрија 5,5%, а во земјоделството раст од 6,6%.

Така после вчерашната прес конференција на владата на чело со Вице-гувернерот Анѓушев, дека освен падот во градежништвото сите останати сектори растат, податоците од Државниот завод за статистика за растот на БДП, покажуваат дека пад има и во секторот комуникации и информации, финансискиот сектор, дејности во врска со недвижен имот.

Останува да помине месец јуни, па во септември да видиме каков бил растот на македонското БДП во вториот квартал оваа година. Кога уметност забава и рекреација, е сектор каде има најголем раст, од 12% тоа многу кажува.

Ако Македонија се спореди со другите земји според податоците од Еуростат,  очигледно е дека сме на последното место по растот на БДП во првиот квартал.  Така според податоците на Еуростат растот во првиот квартал од 2018 година во Србија изнесува 4,6%, во Бугарија 3,5%, Чешка Република 3,7% Естонија 3.6%, Полска 5.1%, Словенија 4.6%, Унгарија 4.4% додека  Македонија  оствари раст од само 0.1% .

error: Content is protected !!