Светската банка ја намали прогнозата за економскиот раст на Македонија

Светската банка ја намали својата прогноза за економскиот раст на Македонија за 2018 година на 2,3% од првичните 3,2%  што беа проектирани во јануари. 

Македонската економија се очекува да порасне за 2,7% следната година, во споредба со 3,9% раст на БДП што беше прогнозиран во јануари, објави Светската банка во својот јунски извештај за Глобалните економски изгледи.

Светската банка, исто така ја намали проекцијата за економскиот раст за Македонија во 2020 година на само 3%. Во јануари Светска банка прогнозираше раст од 4%.

Според банката, регионот на Западен Балкан кои се состои од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, ќе достигне  економски раст од 3,2% во 2018 година, 3,4% следната година и 3,8% во 2020 година.

Македонија ќе има најмал економски раст во 2018 година споредено со земјите од регионот.

error: Content is protected !!