За прв пат во САД бројот на слободни работни места поголем од бројот на невработени

На 29 Јуни 2018 година, за прв пат во Американската историја, Федералното биро за статистика на трудот објави податок, според кој 6,4 милиони американци се без работа, додека бројот на официјално понудени работни места изнесува 6,7 милиони.

Ова го јавува американската мрежа CNBC, и во нивниот извештај се наведуваат и други факти од федераното биро за статистика на трудот, според кои просечната плата расте за 3% годишно, и ова е феномен кој се случува за прв пат во историјата на САД.

Бројот на работни места е поголем од бројот на невработени уште од месец Април, кога имало 65.000 работни места „вишок“ за денес таа бројка да се искачи на околу 300.000 работни места повеќе, одколку бројот на невработени американци.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!