Поголем раст од лани и рекордна сезона, очекуваат годинава туристичките работници

Според туристичките работници, досегашниот таргет од еден милион гости е надминат, сега целта е два милиона.

– Мислам дека 20 отсто поголем раст ќе имаме оваа година за разлика од минатата. Нема никакви проблеми. Многу е важно што ја пројдовме досегашната бариера од еден милион туристи. Тоа е најбитно. Сега ни е целта два милиона. Кога ќе биде тоа, дали во наредната година или две, ќе видиме, изјави претседателот на Туристичко-угоститилската комора при Сојузот на стопански комори (ССК) Аркан Керим.

За 2019 година, освен од Полска и Холандија, Керим најави гости и од Романија. Рече дека соработката во овој дел ќе се интензивира зашто интерес од двете страни постои, а во таа насока денеска беше потпишан и Меморандумот за соработка со Националниот патронат за туристички агенции во Романија.

error: Content is protected !!