Илон Маск доби тужба од американската Комисија за хартии од вредност

На Илон Маск не му цветаат рози, покрај проблемите со производството на автомобили во неговата компанија „Тесла“ тој си отвори проблеми на уште едно поле. И тоа со
Американската Комисија за хартии од вредност.

Која поднесе тужба против извршниот директор на автомобилската компанија „Тесла“ Илон Маск поради измама. Истрагата била започната по објавувањето на неговата Твитер порака во која тврди дека има подготвено средства за целосно да ја приватизира „Тесла моторс“, најава која предизвика драматично зголемување на вредноста на акциите. Комисијата тврди дека Маск свесно лажел за поседувањето на потребните средства за откупување на акциите, со што намерно ја зголемил нивната вредност.

„Изјавите на Маск, ги довеле во заблуда инвеститорите дека приватизацијата на „Тесла“ е извесна, по цена од 420 долари од акција, што е значително повеќе од цената на акциите во тоа време“, изјави заменик директорката на Комисјата Стефани Авакијан.

Според Комисијата Маск произволно ја поставил цената, пред се поради значењето што оваа бројка го има меѓу корисниците на марихуана, како и поради тоа што мислел дека неговата девојка тоа ќе го сфати како добра шега. Тужбата од Комисијата за хартии од вредност се заканува трајно да го тргне од директорското место на компанијата која ја основал и која е тесно поврзана со неговото име.

Соопштението за тужбата предизвика пад на вредноста на акциите на „Тесла“, кои и без тоа беа под притисок поради несигурната финансиска иднина на компаниите како и сериозни проблеми во реализацијата на порачките за нови автомобили. Поради истите причини, минатата недела истрага отвори и американското Министерство за правда.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!