Блаже Аризанов: Сакаш удел од фирмата или парите да ги “поклониш” на државата?

Дојде ред за годишното накачување на платата на еден од моите вработени.

И тоа не било кој туку најдобриот што го имам во Маркетинг одделот. И најдобро платениот веднаш после мене.

Настана преписка околу надоместокот за пензиско.

Во Индија ако компанијата ви брои помалку од 20 вработени, пензиското не е задолжително. Но да не ве замарам многу со технички детали

Испадна дека личноста очекува не само редовно годишно накачување (за кое одобрив да биде максимално според индустриските норми) туку плус и сумата за пензиски надомест.

Тука веќе ме пецна и морав да му се издушам и покрај нашето огромно пријателство.

Што мислиш дека правиш, му реков. Знаеш јас колку имам пензиски надоместоци во животот? Нула. Немам акумулирано никакви пензиски заштеди тука во Македонија.

И знаеш што? Баш ми е супер. Се сметам себеси далеку подобар да си ги менаџирам своите средства отколку некоја социјалистичка влада.

Ние сме компанија во фаза на раст со огромен потенцијал за екпанзија, му велам.

Кај нас 1 МКД вложени можат да резултират со 100 МКД па дури и 1000 МКД. Додека тој твој пензиски надомест за 1 МКД би ти повратил само околу 1.05 МКД (без дури и да ја засметаме инфлацијата)

Со кој памет му велам, очекуваш да јас како инвеститор ги ставам своите средства онаму каде што повратокот е минимален а да не ги ставам онаму кадешто би можеле да се умножат х100 или х 1000?

Зошто наместо да ми побаруваш кеш зголемување на плата или пензиски надоместоци не ми побараш акции или удел од фирмата? На тој начин во случај на излез и продажба на фирмата би можел да се пензионираш на само 30 години.

Зарем очекуваш некој пензиски фонд да те збогати? Каква игнорантност.

Првите 1,000 вработени кои имаа акции во Фејсбук станаа побогати од 80% од типичниот претприемач во Силиконската Долина во Сан Франциско.

Не велам првите 10. Велам првите 1,000.

А ти тука ми се палиш на некои ситни пари за некој си твој пензиски фонд што можеби нема ни да доживееш да го користиш.

========

Добро, Благојчо од Борисово. И?

И што и? Па не го доби тоа што го бараше, нормално.

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

error: Content is protected !!