Вредноста на Биткоинот е на најниско ниво годинава

Биткоинот изгуби повеќе од 7,5% од вредноста и падна на помалку од 4.500 долари што е пад од речиси третина.

Овој стрмоглав пад ја тресе најпознатата светска криптовалута, во рок од една недела, додека се случува распродажба во дигитални валути интензивирана на цел пазар.

Останатите дигитални валути, нагло паднаа, а Ethereum исто така бележи пад од 10% и Ripple XRP за 13%, воглавно поради депресијата на пазарот.

Биткоинот сега се тргува за 4,354.20 долари, што е најниско ниво на берзата на Bitstamp од октомври 2017 година.

error: Content is protected !!