Државната компанија МЕПСО купува машина-чистач на чевли

Државната МЕПСО купува машина-чистач на чевли. Во огласот за јавната набавка се проценува дека набавката без пресметан данок на додадена вредност би чинела 61 500 денари.

Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена, а изборот ќе се врши преку електронска аукција. Понудите треба да се достават до 5 февруари следната година.

Во огласот се дадени и техничките карактеристики, според кои се бара машина за чистење и полирање на чевли за употреба во административни и деловни канцеларии. Машината да е со висококвалитетна изработка за чистење и полирање на чевли. Кутијата да биде изработена од нерѓосувачки челик и со димензии 60 X 90 X 35 cm. Машината треба да има најмалку две четки за полирање и минимум една четка за почетно чистење на чевли. Покрај тоа, треба да се обезбедат еден сет на резерви четки и боја за чевли црна и кафена за три полнења.

Покрај тоа наведени се и снагата на моторот од 150 вати и напојување од 220 волти, 50 херци. Со машината да се испорача и еден сет четки резерва и боја за чевли
црна и кафена за три полнења.

Рок на испорака на набавката е 90 дена од денот на потпишување на договорот.

error: Content is protected !!