Пораст на девизните резерви во Македонија

Народна банка на РМ регистрираше пораст на девизните резерви за период во последните два месеци.

Состојбата на бруто девизните резерви изнесувала 2.77 милијарди евра. Станува збор за пораст од 62,4 милиони евра на крајот на ноември во однос на крајот на септември.

-Порастот на девизните резерви главно произлегува од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, а во помал дел и од ценовните и курсните разлики. Истовремено, за намалување на девизните резерви придонесоа трансакциите на НБРМ за сметка на државата, пред сѐ како резултат на редовното отплаќање на надворешниот долг. Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период“, соопшти НБРМ.

error: Content is protected !!