Шпаркасе за 52 милиони евра ја купи Охридска банка од Сосиете Женерал

Австриската банка Штаермеркише која во земјава ја поседува Шпаркасе банка ја купи Охридска банка. Потпишан е договор за купопродоажба на 75% од акциите кои ги поседува Сосиете женерал во Охридска банка во вкупна вредност од 52 милиони евра. 15% пак од акциите се во сопственост на физички лица. Со превземањето на Охридска банка, Штаермеркише Шпаркасе ќе располага со вкупна актива од една милијарда евра.

Согласно финансискиот резултат којшто денес беше објавен на Македонска берза, Охридска банка во 2018 година оствари профит од 10,2 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!