Во регионот се намалува невработеноста на младите во Македонија се зголемува

Невработеноста кај младите се намалила во сите балкански земји, освен во Македонија и Косово, е наведено во новиот извештај на Светска Банка трендови на пазарот на труд во Западен Балкан (Western Balkans Labor Market Trends).

Според извештајот, младинската невработеност во Косово пораснала за 4.2 процентни поени на 54,9 % додека во Македонија се зголемила за 0,5 процентни поени или до  47,6 %.

Македонија, исто така, води во процентот на млади луѓе кои не се вклучени ниту во образовниот процес, ниту се вработени, ниту се вклучени во некој вид на тренинг или доквалификација. Овој процент на млади луѓе се движи меѓу 24-26 отсто.

Дополнително, извештајот покажува дека скоро секој трет млад човек во Македонија работи во сивата економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!