Триглав отвора друштво за управување со пензиски фондови во Македонија

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС извести дека издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

„Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија за управување со задолжителен пензиски фонд и за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав“, се вели во соопштението.

Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Македонија.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Ова е трета компанија на домашниот пазар што ќе управува со пензиски фондови.

error: Content is protected !!