Што кажаа Сергеј Зафироски и Борис Ефтимовски на првиот настан од серијалот „Мојата Претприемачка Експедиција“

На 13-ти март се одржа првиот настан од серијалот „Мојата Претприемачка Експедиција“ организиран од МИТ универзитетoт, каде говорници беа Сергеј Зафироски од агенцијата за истражување и консалтинг Insider ID, а од декември и извршен менаџер на Економскиот Факултет при МИТ Универзитетот и Борис Ефтимовски од порталот Мarketing 365.

За разлика од други настани од ваков тип, каде што се кажува само светлата страна како е да се биде претприемач, говорниците на овој настан имаа претежно приземјен пристап, каде преку својот личен пример ја објаснија и другата страна од приказната, односно која е цената која треба да се плати за да се биде претприемач.

Борис Ефтимовски основач на Маркетинг 365, специјализиран портал посветен на маркетингот, каде со неговата компанија работи комуникациски консалтинг, ја истакна важноста на: знаењето, тимот и планирањето.

Знање – Мора постојано да учиш за да имаш самодоверба дека “знаеш”и да бидеш постојан и дисциплиниран.

Тимот – Битно е да ја имаме заедничката визија.

Планирање – Да ти е јасен контекстот, стратегијата и динамиката на активности.

Бојан во своето излагање ја објасни методологија Design Thinking, која е методологија за решавање на проблеми со фокус на решенијата, што им помага на компаниите и поединците да го остварат посакуваниот исход во однос на внатрешните прашања или за напредок кон идните планови.

Петте нивоа на Design Thinking се: емпатија, дефинирање, развој на идеи, прототипови и тестирање.

Чекор 1: Емпатија

Разговори со експерти во областа и луѓето кои се директно засегнати. Целта е да се разберат нивните искуства и мотивации за да се ставите во нивна кожа со цел да се добие едно подлабоко, лично разбирање на нештата.

Чекор 2: Дефинирање

Ги анализираме нашите опсервации и сознанија и правиме нивна синтеза со цел да ги дефинираме централните проблеми кои треба да се решат.

Чекор 3: Развој на идеи

Tехники како “Брејнсторм” или “Најлоша можна идеја”

Важно е да се разгледаат колку што е можно повеќе идеи и решенија уште на почетокот од процесот и да се изберат неколку што изгледаат добри.

Чекор 4: Прототипови

Неколку евтини прототипови на производ или на специфични елементи на производот со цел да се добие увид кои се најдобрите решенија генерирани во претходните фази.

Чекор 5: Тестирање

Тестирање на најдобрите прототипови од претходната фаза со претставници на таргетираната група со цел да се види како тие го прифаќаат создаденото решение, односно се детерминираат недостатоците на производот кои треба да се поправат.

Меѓу останатите работи, Борис ја истакна важноста од вмрежувањето и одењето на бизнис настани, така на еден настан што се одржал во странство го запознал човекот одговорен за Ал Џезеира Балкан, откако Борис ја основал компанијата истиот тој човек кој го запознал во странство му се јавил и побарал од него да соработуваат. Затоа што му оставил добар впечаток како човек и професионалец, и со тој клиент како што истакна и ден денес се уште соработуваат.

Втор интересен момент е кога барал реклама за неговиот портал. Тогаш тој дури десет пати бил на средба со директорот на една голема македонската компанија, но никако тие средби да завршат со договор за реклама. Се додека не се сретнале на еден настан организиран од една бизнис комора каде годишното членство е 600 евра и каде директорот на компанијата зачудено го прашал Борис ‘Што бараш тука?’. Таа средба на настанот била клучна тој да добие реклама која подолго време ќе му носи приходи.

– За разлика од порано сега почесто викам НЕ, ќе истакне Борис во своето излагање, односно не прифаќаат понуди за работа по секоја цена. Понатаму смета дека има голема разлика од тоа што клиентот мисли дека му треба и што тој како експерт и тимот со него мислат дека е најдобро за клиентот. И дека не отстапуваат од тоа што сметаат дека е најдобро за клиентот, дури и по цена на раскин на договор.

Сергеј, основачот на Инсајдер ИД, објасни дека главната причина зошто основал компанија е што останал без пари и немал друг избор. Кога го договорил првиот клиент за прилично голема сума за македонски услови, во својот новчаник немал повеќе од 200 денари. И дека тогаш ако не случела таа бизнис зделка, тој ќе ставел клуч на неговата компанија. Прифаќал проекти за кој не бил доволно спреман но со напорно учење и работа ги пополнувал тие празнини.

Според Сереј претприемништвото бара многу голема храброст, фокус и да знаеш што треба да правиш. Сепак во своето излагање ќе стави акцент на важноста да се поставуваат реални цели.

Да бидеме самокритични, да бидеме многу упорни и екстремно напорно да работиме (12-13 часови на ден). Ако сакате да водите бизнис заборавете на својот приватен живот, ова не е работа од 09-17 часот ова е работа што понекогаш и по цел ден се работи, ќе додаде тој.

Во однос на time management, ќе рече сите распореди паѓаат во вода кога ќе ви се јави некој клиент. Тогаш не можете да му кажете не можам да се сретнам со тебе друг ми е распоредот итн. Според него time managеment е добар само за договорање на термин за деловни состаноци и ништо повеќе. Но како што истакна тој многу деловни состаноци се случуваат спонтано односно кога клиентот ќе сака да оствари средба.

Две најчести причини за пропаѓање на компаниите според Сергеј се:

1.Немањето пазар за тоа што го нудиме
2.Несодветно планирање.

error: Content is protected !!