Основан е руско-кинески инвестициски фонд

Русија и Кина основаат заеднички регионален фонд во јуани, соопштено е на Форумот „Појас и пат“, кој се одржува во Пекинг.

Почетните средства на фондот изнесуваат една милијарда јуани (околу 150 милиони долари), а предвидениот капитал, кој ќе се собере од водечките Институционални инвеститори во Кина, ќе изнесува меѓу шест и седум милијарди јуани (околу една милијарда долари).

– Средствата главно се наменети за инвестирање во стратешки важни проекти во Русија и Кина во еднакви износи. Кога станува збор за кинески проекти, поголем акцент ќе биде ставен врз проекти поврзани за Иницијативата „Појас и пат“, но и за други перспективни сектори, се наведува во соопштението.

Основач на регионалниот фонд во јуани е Руско-кинескиот инвестициски фонд, кој го основале Рускиот фонд за директни инвестиции и Кинеската инвестициска корпорација Суијонг Кепитал & Даџенг Инвестмент Груп.

– Овој регионален фонд е всушност прв активен фонд во јуани, наменет само за проекти во Русија и Кина. Тоа е еден од најзначајните примери на регионална соработка меѓу двете земји, изјави главниот извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

error: Content is protected !!