Во Словенија едно лице било оданочено со 100.000 евра поради „копање“ криптовалути

Финансиската управа на Словенија (Фурс) предупреди дека „копањето“ криптовалути и тргувањето се активности кои мораат да бидат соодветно регистрирани и оданочувани.

Во последниот голем случај едно лице беше оданочено поради „копање“ со 100.000 евра.

Во контролата е утврдено дека физичкото лице „копало“ виртуелни валути, а приходите ги има претставено како приход од извршување дејности, затоа што тоа лице остварувало редовно и постојано тргување, а притоа таа активност не е регистрирана.

– Наоѓањето на работа на црно резултираше со фактот дека физичкото лице поднело сам пријава врз основа на која уплатил речиси 100.000 евра данок на добивка од извршување дејности – објасни Управата за финансии.

Колку луѓе во Словенија се занимаваат со трговија на криптовалута или со „копање“ не е познато. „Копањето“ со криптовалути според стандардната класификација е една од активностите за обработка на податоци и сродни активности, а трговијата со криптовалути е сместена помеѓу останатите некласифицирани пропратни деловни активности.

error: Content is protected !!