Ричард Брансон ќе го проширува својот бизнис на Балканот

Компанијата “Вирџин Пулс Босна“ во сопственост на британскиот милијардер Ричард Брансон ги шири капацитетите во Тузла на 2.300 квадратни метри и ќе вработи околу петнаесет софтверски инженери.

“ВирџинПулс“ претходно објави дека имаат намера да бидат една од водечките компании во ИТ секторот во текот на следните неколку години, не само во Босна и Херцеговина, туку и во целиот регион.

Производот „Вирџин пулс“ е иновативна дигитална платформа што ја користат компаниите и корпорациите во различни индустрии за промовирање на здрави навики за живеење кај нивните вработени.

Платформата е осмислена и развиена во Тузла,а се користи ширум светот, со 10% од компаниите на списокот „Форчун 500“ на најуспешните глобални компании меѓу клиентите.

Бренсон претходно ја презеде фирмата со седиште во Тузла „Пиксел интерактив“, во која беа вработени околу 100 млади и образовани луѓе и стана дел од Вирџин груп, менувајќи го своето име во “Вирџин Пулс Босна“.

error: Content is protected !!